Хамас ги повика светските лидери да ja напуштат салата за време на говорот на Нетанјаху во ОН

September 27, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Лидерите на палестинското движење Хамас ги повикаа светските лидери да ја напуштат салата за време на денешното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации со цел да протестираат против израелските напади во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Напуштањето на салата е најмалку што може да се направи за да се изрази отфрлање и осуда на тековниот геноцид во Газа“, рече во изјавата еден од претставниците на Хамас, Изат ал Ришк.

Ришк го нарече Нетанјаху „мал Хитлер“, обвинувајќи го дека го организирал масовното убивање на палестинските цивили во Газа и Либан.

„Нетанјаху уби повеќе од 41.000 цивили, вклучувајќи 17.000 деца и околу 200 доенчиња во Газа“, рече Ришк, додавајќи дека израелските напади биле насочени и кон болници, џамии, цркви и кампови за раселените лица.

Тој додаде дека Нетанјаху го продолжува нападот со целосно непочитување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот и игнорирајќи ги наредбите на Меѓународниот суд на правдата.

„Овој човек треба да биде уапсен и да одговара за своите злосторства“, рече Ришк, повикувајќи ги светските лидери да го бојкотираат говорот и да не му даваат платформа на Нетанјаху.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжи со бруталната офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас минатиот октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 41.500 луѓе, повеќето жени и деца, а повеќе од 96.000 се повредени.

Како последица на израелските напади раселено е речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел, исто така, се соочува со обвинувања за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошкоски на билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија г. Шандор Пинтер

Следно

Објавена снимка од моментот кога напаѓачот пука кон поранешниот турски репрезентативец (ВИДЕО)

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop