ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет

January 8, 2023
1 min read

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне.

Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стменува, но и поради непристапниот терен.

Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.

-Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со осум вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од село Теарце кон пожарот каде од вчера гори букова шума и пасиште. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје.

Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне.

Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во Теарце бидејќи, почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа, информира ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ВИДЕО) Ахмети со песна и добро расположение ѝ одговори на „огнената група“

Следно

30 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ПОМИНАЛЕ ГРАНИЦА – празниците наместо дома, нашите граѓани ги прославија во Грција

Latest from Blog

Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт. И покрај бројните предупредувања, повеќето

Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на

Ајакс остана без тренер

фото: Ajax (X) Џони Хеитинга повеќе не е тренер на тимот на Ајакс. Менаџментот на клубот се одлучи да му врачи отказ на некогашната икона на холандскиот фудбал, поради очајните резултати пред

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта. „Играме за да победиме“, одговори Орбан на прашањето на
Go toTop