Лукаревска: Двојни аршини на ДПМНЕ за Законот за бранители, по секоја цена го штитат Гаши

September 25, 2024
1 min read

Ветувањата коишто ги слушавме во рамки на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се реализирани, едно слушавме пред изборите а сега гледаме дека се случува нешто друго. Во Собранието гледаме двојни аршини, последен пример е однесувањето на мнозинството за Законот за бранители, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

-Двојни аршини на ВМРО-ДПМНЕ гледаме. Не го применија истиот принцип за Законот за бранители како што постапија за кредитот од Унгарија.  За 20 минути претседателот на Собранието ја закажа Комисијата за финансирање и буџет за кредитот од Унгарија но одбива да ја закаже комисијата за Законот за бранители.  Власта на ВМРО-ДПМНЕ отворено застанаа во одбрана на претседателот на Собранието, Гаши.  Претседателот на Собранието има обврска да се однесува подеднакво за сите закони и за сите пратеници. ВМРО-ДПМНЕ треба да го побара тоа. Да беше искрена ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеше барање до претседателот на Собранието, рече Лукаревска.

Законот за бранители е поднесен од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска уште на 01.07.2024 година, а ставен е на дневен ред во Собранието дури во септември, што значи седел во фиока толку време, потенцираше таа.

-ДПМНЕ треба да стоечки да ја поднесе критиката а не да обвинува некој друг. Во 2023 година токму ВМРО-ДМНЕ имаше поднесено ваков закон. Значи ли тоа дека сакале да прават политизација или дестабилизација? Сите знаеме колку е голема жртвата на овие луѓе и треба да се поддржи законското решение.  Одговорноста во моментов е кај мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туфегџиќ во „Претрес“: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција

Следно

Турскиот претседател го критикува молкот на Западот пред израелската војна во Газа

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop