Израелската авијација и денеска продолжи со нападите на југот на Либан

September 25, 2024
1 min read

Израел го турка регионот во тотална војна. Шефовите на дипломатиите на Египет, Ирак и Јордан ги осудија последните напади на израелската војска врз југот на Либан, предупредувајќи дека опасно блиску е линијата, која ако се премине, нема враќање назад.

Тензиите меѓу либанскиот Хезболах и Израел пораснаа во изминатите две недели, зголемувајќи ги стравувањата од голем регионален конфликт. Според либанските власти, во воздушните напади кои почнаа во понеделникот, убиени се повеќе од 550 лица, а илјадници се повредени.

– Запирањето на оваа ескалација започнува со запирање на израелската агресија врз Газа. Ја осудуваме израелската агресија врз Либан и предупредуваме дека Израел го турка регионот кон сеопфатна војна. Ја повикуваме меѓународната заедница и Советот за безбедност да ги преземат одговорност за запирање на војната за која Израел сноси целосна одговорност.“ – заедничко соопштение на Министрите за надворешни работи на ирак, Египет и Јордан.

Израелската авијација и денеска продолжи со нападите. Повторно цел е југот на Либан, каде се верува дека се главните упоришта на борците на Хезболах. Десетици илјади Либанци ги напуштија доновите во потрага по безбедно засолниште во остатокот од државата.

„Го напуштам мојот дом бидејќи тука веќе не е безбедно. Израелците не прават разлика меѓу цивилите и членовите на отпорот.“ – Мунир Хадад жител на Либан.

„Никој не сака да помогне да запре оваа војна. Ова што ни се случува е многу слично на она во Газа.“ – Самиха жителка на Либан.

Либанското движење пак не се предава. Истрелани стотици ракети, претежно насочени кон северот на Израел. За прв пат цел на напад беше и Тел Авив каде се огласија сирените за тревога.

Кога зборуваме за војна, секогаш има жртви. Оваа војна не е ништо поразлична. Дури и ако армијата прави се што може, ова е војна и навистина е страшно.“ – Гилат Декало жителка на Тел Авив.

И поглаварот на Римокатоличката црква, се вклучи во апелите да се стави крај на војната на Блискиот исток. Папата Франциско ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи се што е во нејзина моќ за да се стави крај на судирот.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заприла коцкањето преку интернет

Следно

Додик по рочиштето во Судот на БиХ: Продолжуваат со фарсата и политичкиот процес

Latest from Blog

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА. Вардар во

Обвинение за судија од Кавадарци – го упатил осуденикот во погрешен затвор

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во текот на 2024 година,

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква

Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

Новиот претседател на Врховен суд Африм Фидани очекува во Кривичниот суд во Скопје да се спроведе целисходна постапка за случајот Кочани. Судот каде што ќе се води постапката ги исполнува условите, за

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0)
Go toTop