Снимател на телевизијата Ал Манар убиен во израелски напад врз Либан

September 25, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Камил Караки, камерман на телевизијата Ал Манар на Хезболах, го загуби животот во воздушниот напад што израелската армија го изврши на југот на Либан, известува Анадолу.

Во писменото соопштение објавено на профилот на социјалните мрежи на либанската телевизија Ал Манар се вели:

„Нашиот снимател Камил Караки загина во воздушен напад на ционистите.“

Во објавата се вели дека Караки, кој е од градот Кантара на југот на земјата, работел за телевизијата Ал Манар повеќе од 25 години.

Либанската официјална новинска агенција ННА го објави соопштението на Либанскиот синдикат на новинари кој ги осуди нападите на Израел насочени кон новинарите.

Во соопштението се наведува:

„Ги осудуваме тековните напади на Израел врз цивилите во сите региони на Либан и ширењето на геноцидни масакри во кои како цел се земаат поголем број недолжни луѓе. И новинарите и снимателите не беа поштедени од овие масакри. На крајот Камил Караки, снимател на телевизијата Ал Манар, беше цел на напад во подрачјето на неговиот град Кантара.“

Вчера во израелски напад врз Либан, кој од утрото на 23 септември е цел на интензивни воздушни напади на израелската армија, беше убиен репортерот на телевизијата Ал Мајадин, Хади ес-Сајид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И бурекот, кифлите и јогуртот треба да поевтинат

Следно

Чеферин има поддршка од мнозинството членки на УЕФА за нов мандат

Latest from Blog

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека
Go toTop