Чеферин има поддршка од мнозинството членки на УЕФА за нов мандат

September 25, 2024
1 min read

Повеќе од половината земји – членки на УЕФА се подготвени да поддржат реизбор на актуелниот претседател Александар Чеферин на следните избори во 2027 година, објави лондонски „Индипендент“.

Според весникот, 35 национални асоцијации се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Словенецот на претстојните избори, доколку тој одлучи да се кандидира за нов мандат.

Чеферин (56) беше избран за претседател на УЕФА во 2016 година, а подоцна двапати беше реизбран. Мандатот му истекува во 2027 година.

Во февруари, Чеферин рече дека не планира да се кандидира за реизбор во 2027 година.

Сепак, УЕФА на февруарскиот Конгрес усвои амандмани со кои на Чеферин му се дозволува да отслужи четврти мандат. Бројот на претседателски мандати е ограничен на три.

По промените направени во статутот на УЕФА, првиот мандат на Чеферин – од 2016 до 2019 година – повеќе не се смета за комплетен, со што првиот човек на европскиот фудбал има право да учествува на изборите во 2027 година. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимател на телевизијата Ал Манар убиен во израелски напад врз Либан

Следно

Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Матејче, приоритет се граѓаните и нивните потреби

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop