НА ЛУЃЕТО ДЕНЕС НАЈМНОГУ ИМ ТРЕБА ЗНАЕЊЕ, ВЕЛИ УМЕТНИЧКОТО ДУО ДАН И ЛИА ПЕРЖОВСКИ ПРЕД ИЗЛОЖБАТА ВО МСУ СКОПЈЕ

September 23, 2024
1 min read

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на 26 септември (20 часот) ќе се претстават со свои дела во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина, која вели дека уметниците се веќе во Скопје и ги  исцртуваат ѕидовите на Музејот.  Пред официјалното отворање на изложбата, во 19:30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива.  Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

„Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни… се теми кои постојано се повторуваат во различни околности“, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски, која е истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ – (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела.

„Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување… Па затоа изложив објекти – неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек“, вели Лиа.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Албанија, Србија и Црна Гора доживуваат туристички бум

Следно

Средба на Мицкоски со Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации во Македонија

Latest from Blog

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава

Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години

Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми. Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу. Претседателот

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните
Go toTop