НА ЛУЃЕТО ДЕНЕС НАЈМНОГУ ИМ Е ТРЕБА ЗНАЕЊЕ, ВЕЛИ УМЕТНИЧКОТО ДУО ДАН И ЛИА ПЕРЖОВСКИ ПРЕД ИЗЛОЖБАТА ВО МСУ СКОПЈЕ

September 23, 2024
1 min read

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на 26 септември (20 часот) ќе се претстават со свои дела во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина, која вели дека уметниците се веќе во Скопје и ги  исцртуваат ѕидовите на Музејот.  Пред официјалното отворање на изложбата, во 19:30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива.  Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

„Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни… се теми кои постојано се повторуваат во различни околности“, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски, која е истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ – (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела.

„Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување… Па затоа изложив објекти – неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек“, вели Лиа.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нема дожд и повторно пожари на отворено во Скопско

Следно

Таравари во официјална посета на САД

Latest from Blog

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се

Повторно карамбол на Партизанска: тројца млади повредени, штета од 200 илјади денари

Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“. Според информациите

Во турски Киркпинар се одржува 664-от Историски фестивал на пеливанство

СКОПЈЕ (АА) – Во турски Киркпинар, во северозападната област Едрене се одржува 664-то издание на Историскиот фестивал на пеливанството, јавува Анадолу. Традиционалниот натпревар започна вчера во Сарајичи, каде што 36 пеливани (борачи)

Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна
Go toTop