ВНУКОТ НА МИЛТОН МАНАКИ КОЈ СЕ ВИКА КАКО ДЕДО МУ ПРИМИ ПОЧЕСНА НАГРАДА ЗА ЈАНАКИ МАНАКИ НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

September 22, 2024
1 min read

Со црвен тепих и проекција на италијанскиот филм „Партенопе“ на Паоло Сорентино, сношти во Битола се отвори 45 издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Оваа година наши учесници и гости на фестивалот се мајстори на филмската фотографија кои заедно имаат освоено 8 Оскари, 16 номинации за Оскар, 12 награди БАФТА и уште 19 номинации за истата награда, 11 награди од Американското друштво на кинематографери, 8 награди од Британското друштво на кинематографери, 6 награди на Канскиот филмски фестивал, 1 награда во Венеција, 3 награди во Берлин, 6 ЕМИ награди, 1 азиски Оскар. Сите овие луѓе годинава ќе шетаат по улиците на Битола, ќе шетаат по Широк сокак. Ете затоа еден е ‘Манаки’ и една е Битола, како голем центар на филмската уметност“, рече директорот на Фестивалот, актерот Симеон Мони Дамевски.

Наградата Златна Камера 300 за животно дело ја доби францускиот кинематографер, Бруно Делбонел, а му ја врачи премиерот Христијан Мицкоски. (Фото: „Браќа Манаки“)

Дамевски додаде оти фестивалот годинава доделува почесна Златна Камера 300 за животно дело на Јанаки Манаки, бидејќи досега вакво признание било доделено само на неговиот брат Милтон.

„Првпат мојот татко ја прими наградата Златна Камера 300 во името на неговиот татко, Милтон Манаки. Фестивалот ‘Браќа Манаки’ е уникатен фестивал. Еден од малкуте фестивали кои ги слават кинематограферите. Голема чест, задоволство и благодарност од семејството кое ја прима оваа награда“,  рече внукот на Милтон Манаки кој се вика исто како и неговиот дедо.

Наградата Специјална Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност ја доби полската кинематограферка, Јоланта Дилевска. (Фото: „Браќа Манаки“)

Наградата Златна Камера 300 за животно дело ја доби францускиот кинематографер, Бруно Делбонел.

„Голема благодарност на Фестивалот. Кога Симеон ме повика, реков дека нема шанса да дојдам, уште не сум се пензионирал. Им се восхитувам на досегашните добитници на ова признание, како Свен Никвист, Ед Лакман, Виторио Стораро, Питер Бижу, Џон Сил. Тоа се луѓе од кои многу сум научил и многу им должам. Сега се обидувам да му го дадам на киното она што киното ми го даде мене“, рече Делбонел.

Наградата Специјална Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност ја доби полската кинематограферка, Јоланта Дилевска. Наградата што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ)- „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ја доби Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер. Наградата ја додели Владимир Павловски, студент на Грбевски.

Монтажерот Димитар Грбевски е годинашниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ. (Фото: Браќа Манаки“)

„Неговите студенти со своите филмови се амбасадори на македонската култура на најголемите фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Санденс, вклучително и, ‘Медена земја’ со две номинации за Оскар“, рече Павловски. „Да им посакаме на младите да го следат патот на филмските дејци“, рече Грбевски .

Кинематографер на италијанскиот филм „Партенопе“ со кој се отвори Фестивалот е Дариа Д’ Антонио.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На децата од поправниот дом Тетово им е ускратено правото на образование

Следно

[Фото] 100-тиот роденден на Скопско како голем културен и настан за дружба, пронајдете се во галеријата

Latest from Blog

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик

„Плаја Виста“ некогаш и сега – спортско-рекреативниот центар слика за нашата (не)грижа и однос кон некогаш култните спортски објекти

Ваква беше сликата и атмосферата пред неколку децинии во спортско-рекреативниот центар под Кале. На зима и лете. Базенот Плаја Виста преполн со народ, рекреативно лизгање, но и професионален хокеј на мраз. И
Go toTop