Седница во Европскиот парламент: „Израел со поддршка од западните земји врши геноцид во Газа“

September 18, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Голем број пратеници во Европскиот парламент (ЕП) порачаа дека политиката на Европската Унија (ЕУ) кон Газа се заснова врз двојни стандарди и дека треба да се применат остри санкции за да се запрат израелските напади врз Палестинците, известува Анадолу.

Во ЕП се одржа седница на која новоизбраните парламентарци ја презедоа функцијата по изборите одржани на 6 и 9 јуни.

На седницата пратениците во Европскиот парламент разговараа и за ситуацијата во Појасот Газа.

Голем број парламентарци јасно ставија до знаење дека политиката на ЕУ кон Израел е пристрасна, а акциите на Израел во Појасот Газа ги нарекоа геноцид и се залагаа за воведување санкции за Владата на Бенјамин Нетанјаху.

Ирскиот парламентарец Аодхан О’Риордејн рече дека во Газа се случува „ништо друго туку целосна хуманитарна катастрофа“.

„Убиени се 41.000 Палестинци. Газа е претворена во урнатини. Два милиона жители на Газа гладуваат, живеат без струја, без чиста вода, уништени канализациски системи или целосно нефункционални болници. Одговорот на ЕУ на оваа криза е целосно несоодветен и неприфатлив“, рече О’Риордејн.

Жауме Асенс Лодра, шпански парламентарец од партијата на Зелените, праша: „Колку долго Европа ќе продолжи да го поддржува касапот Нетанјаху?“

„До кога меѓународната заедница ќе го толерира сето ова? До кога ќе ги игнорираат одлуките на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен суд? Уште колку смртни случаи ни се потребни? Злосторничко лицемерство е да дојдеш тука и да плачеш за мртвите, а потоа да продолжиш да праќаш оружје што го овозможува сето тоа. Лицемерно е да се воведуваат санкции за рускиот претседател Владимир Путин, а да не се воведуваат санкции за Нетанјаху. Жртвите се исти, без разлика дали се Украинци или Палестинци“, рече Лодра.

Рима Хасан, француска парламентарка, се обиде да излезе на говорницата со кефије на рамото, но не ѝ беше дозволено.

Таа во своето обраќање рече дека на палестинската територија е извршен геноцид и дека ЕУ со санкции би можел да изврши притисок врз Израел.

Левичарскиот белгиски пратеник Марк Ботенга рече дека Израел врши геноцид врз Палестинците.

„Геноцидот што се случува таму не би бил можен без ефективна поддршка од Западот. Ова е геноцид што го изврши Израел со поддршка од западните земји“, рече Ботенга.

Тој порача дека мора итно да се прекине страдањето на Палестинците.

„Како можете да ги погледнете своите деца во очи кога ќе се вратите дома навечер? Како можете со мирна совест да им кажете ‘добра ноќ’? Тоа воопшто не можам да го разберам“, рече овој парламентарец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков: Секое македонско ќоше мириса на Македонија од Библијата

Следно

Илина и Ева Соколовски ја носат Македонија на Балканско првенство во гимнастика во Црна Гора

Latest from Blog

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и

„ВМРО ДПМНЕ Албанија“ притиска за формирање општини Голо Брдо и Гора

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“,  поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора. „Ова барање претставува сериозен

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го разгледа предлогот доставен од Иран, насочен кон завршување на конфликтот. „Наскоро ќе го прегледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не
Go toTop