„ВМРО ДПМНЕ Албанија“ притиска за формирање општини Голо Брдо и Гора

May 3, 2026
1 min read

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“,  поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора.

„Ова барање претставува сериозен чекор кон институционално признавање на реалните потреби на населението во овие подрачја и гарантирање на нивните уставно загарантирани права“, вели претседателката Елена Симонофски.

Поконкретно, додава таа,  со иницијативата се бара создавање на Општина Голо Брдо и  Општина Гора, правично претставување на заедниците, подобар пристап до јавни услуги и рамномерен локален развој.

„Ова не е само административно прашање – ова е прашање на еднаквост, достоинство и идентитет. Голо Брдо и Гора со децении се соочуваат со институционална запоставеност, слаб пристап до услуги и недоволно локално претставување“, нагласува таа.

Според неа, а тоа стои и во барањето формирањето на општини значи “глас за народот, развој за регионот и почитување на европските стандарди”.

„Време е институциите во Албанија да покажат дека принципите на еднаквост и недискриминација важат за сите. Време е Голо Брдо и Гора да го добијат она што одамна го заслужуваат. Ова барање не е политичка формалност – ова е историска можност за исправување на долгогодишна неправда“, посочува Симонофски.

Во Албанија во подготовка е нов закон за територијална поделба. До 2017 година, кога беше донесен последниот закон, имаше 373 општини, по што нивниот број беше намален на 61 Општина. Единствена македонска општина остана Пустец. Општините во Голо Брдо и Гора, населени со Македонци, беа укинати и како административни единици припаѓаат кон некоја од поблиските општини.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Следно

ВЛЕН: Конгресот на 9-ти мај ќе го официјализира обединувањето на пет партии

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop