Митева: 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија, најголем неуспех на владата на Ковачевски

February 12, 2023
1 min read

Анкетите на јавното мислење се дизајнирани така што имаат за цел да ги претстават мислењата и довербата на граѓаните во различни сфери и области. За жал, последните истражувања од анкетата на Евротинк имаат безброј индикатори од кои може да се заклучи едно – неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ од една страна комплетно ја уништија довербата на граѓаните во системот, а од друга страна го зголемија евроскептицизмот, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, едно од прашањата што го разгледува ова истражување е какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија? Резултатот е следен – 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка. Оваа неспособна власт постојано зборува за наводно почитување на демократијата, слободата на говор, почитување на човековите права, додека во реалноста се случуваат рангирања на Македонија во хибриден режим, до навредување на медиумите и нивната уредничка политика и ограничување на слободата на говор.

Она што дополнително е застрашувачки е што хронолошки гледано во анкетата енормниот пад за демократијата се случува за само две години, од 2020 до 2022 година, за дури 25,5% пониска доверба.

Воедно, власта е таа која постојано сака да споредува состојби во Македонија од пред и потоа, па еве уште еден доказ за тоа. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти овие само 16% денес.

Поразителни бројки следуваат и понатаму. 72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока. Понатаму, она што е дополнително фрапантно е што дури за 10% е падната довербата за само една година на оние граѓани кои лани сметале дека Македонија се движи во правилна насока. Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку.

Со овие показатели Македонија не може да оди напред, граѓаните не живеат подобро, напротив од ден на ден се зголемува разочараноста, сиромаштијата расте, животот станува потежок за сите нас додека овие од власта се обидуваат да купат ден или месец повеќе за богатење и за нови бизниси. Почитувани граѓани, едно е сигурно – колку подолго трае оваа влада, толку полошо за Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Ова е Сила, кучето на турската армија кое со повредена шепа спаси 12 луѓе

Следно

ФОТО: Турскиот селектор работеше како касиер за да собере донации за жртвите од земјотресот

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop