Средба Силјановска Давкова – Радев

September 13, 2024
1 min read

После средбата со бугарскиот претседател Радев, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е сигурна дека разговорите со Бугарија ќе вродат со плод, и дека доколку има воља дека решението може да биде на дофат. Претседателката Сиљановска Давкова вели дека се отворени тешките теми, како и за уставните измени.

Македонската влада да ја напушти предизборната реторика и да се врати кон реалноста за дијалогот меѓу Скопје и Софија да продолжи. Ваква порака денеска испрати претседателот на Бугарија, Румен Радев, до македонските власти, пред средбата со македонската делегација предводена од претседателката Гордабна Силјановска Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази сочувство за авионската несреќа во Бугарија. Го очекува претседателот Радев да дојде во Скопје.

Инаку бугарскиот претседател Румен Радев реши да не дојде на вечерашната претстава на Македонската Опера и Балет која во Софија требаше да ја игра операта Набуко. Причина е авионската несреќа во која при уривање на борбен авион животот го загубија двајца бугарски пилоти. Пред средбата бугарскиот технички премиер  Димитар Главчев изјави дека Немаме желба ниту причина да преговараме со Северна Македонија. Нашиот став е познат и цврст, нема за што да се репреговара со Северна Македонија, тие ги имаат нашите ставови и условите ид Европската унија кои треба да ги исполнат, додаде Главчев.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола за еден од играчите на Сити: Секогаш кога оди во националниот тим…

Следно

Сиљановска-Давкова: Со Радев се обединивме околу најважното, европската интеграција

Latest from Blog

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската
Go toTop