ВИДЕО: Се урна воен авион во Бугарија, неофицијално загинале двајцата пилоти

September 13, 2024
1 min read

Бугарските власти информираа дека во тек е истрага за падот на авионот во воздухопловната база „Граф Игнатиево“. Преземени се мерки за локализирање на пожарот што избувнал по падот на леталото и се утврдуваат причините за несреќата. Надлежните не соопштуваат официјална информација за повредени и жртви.

Воен авион „Л–39 албатрос“ се урна во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Областа Пловдив во Бугарија, јави БТВ.бг. Телевизијата објави засега непотврдени информации дека при падот загинале двајцата пилоти.

Несреќата се случила за време на подготовка за утрешниот аеромитинг во Третата воздушна база, настан кој сега е откажан од министерот за одбрана Атанас Запријанов, соопшти бугарското Министерството за одбрана.

„Се случи тешка авионска несреќа. Авион ‘Л-39 албатрос’ се урна за време на тренинг-лет. Нема официјална потврда за жртви“, изјавија за БТВ од Министерството за одбрана.

Бугарските власти информираа дека во тек е истрага. Преземени се мерки за локализирање на пожарот што избувнал по падот на леталото и се утврдуваат причините за несреќата.

Советничката за медиуми на Министерството за одбрана Евелина Бранимирова изјави дека истрагата за инцидентот ја презела Воената полиција. Според неа, се работи за двоседен борбен авион за обука.

„Во оваа фаза не можеме да потврдиме дали има повредени или жртви. Очекуваме истражните органи да кажат што се случува. Надлежните органи од Воената полиција се на местото на настанот“, вели Бранимирова.

Воздухопловниот експерт Димитар Ставрев ги коментира карактеристиките на ова летало.

„Урнатиот авион бил со две седишта, произведен во поранешна Чехословачка во 1986 година. Можеби имало инструктори во него. Вкупно 36 од овие авиони ни беа доставени во текот на годините. Во моментов на располагање се шест авиони, од кои најверојатно четири се во употреба, бидејќи повторно има проблем со финансирање на нивниот ремонт. Неодамна неколку авиони се вратија од Чешка каде што беа на ремонт. Не знам дали тој што паднал бил меѓу нив“, вели Ставрев.

Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата дама на Туркије: Заштитата на правата на децата стана глобален предизвик

Следно

ДПИ досега изрече три казни за непочитување на мерката за училишниот прибор

Latest from Blog

Средба Трамп – Џинпинг во Пекинг, отворени прашањата за Тајван, Иран и трговската војна

Со ваква порака кинескиот лидер Си Џинпинг по девет години го пречека американскиот колега Трамп на дводвевниот критичен самит во екот на засилени геополитички тензии и турбулетни економски односи меѓу двете најсилни

Прилеп и САД ја продлабочуваат соработката: Проданоски домаќин на американската амбасадорка Никол Варнс

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Општина Прилеп оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и

Проданоски и американската амбасадорка Варнс разговараа за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните

Манчестер Јунајтед и Адидас го претставија новиот дрес за следната сезона

Еден од најпопуларните фудбалски клубови на светот, Манчестер Јунајтед го промовираше новиот дрес кој што играчите ќе го носат во следната 2026/27 сезона. Со Адидас како генерален спонзор за опремата, Манчестер Јунајтед

Божиновска: Интерконекторите се клуч за стабилна и одржлива енергетска иднина

„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop