Првата дама на Туркије: Заштитата на правата на децата стана глобален предизвик

September 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, денес рече дека „заштитата на правата на децата стана глобален предизвик“, јавува Анадолу.

„За жал, во светот во кој живееме денес, заштитата на правото на живот на децата и обезбедувањето тие да растат во безбедна и мирна средина стана глобален предизвик. Сепак, иднината на човештвото никнува со деца“, рече Ердоган во видеопорака до четвртиот Самит на првите дами и господа.

Осврнувајќи се на зборовите на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела дека „не може да има подлабоко откривање на душата на едно општество од начинот на кој тоа ги третира своите деца“, Емине Ердоган ја истакна потребата да се погледне моменталната состојба на децата во светот.

„Фактот што бебињата се завиткуваат во ќефини пред воопшто да може да се регистрираат во популацијата, тоа што деца се сметаат за жртви во војната, открива колку е мрачна душата на денешното човештво“, изјави Ердоган.

Истакнувајќи ја маката на децата во Сирија, Украина и Газа, како и во другите воени и конфликтни зони, таа истакна: „Во нашите срца ја чувствуваме одговорноста да ја вратиме секоја боја земена од животите на нашите деца од темната сенка на војната.“

Нагласувајќи ги напорите на првата дама на Украина, Олена Зеленска, за заштита на украинските деца, Емине Ердоган рече: „Иницијативата да се примат украинските деца, жртви на војната, во Туркије во 2022 година е една од нив. Денес, сè уште сме домаќини на речиси 1.500 украински деца и нивните придружници во нашата земја.“

Изразувајќи уште еднаш солидарност со украинскиот народ кој ја брани својата татковина, првата дама на Туркије рече: „Искрено се надевам дека војната ќе заврши со праведен и траен мир што е можно поскоро“.

– Самит на првите дами и господа –

Самитот на првите дами и господа беше инициран од Олена Зеленска во 2021 година со цел да се создаде меѓународна платформа за дијалог за да се помогне во решавањето на хуманитарните проблеми и да се имплементираат заеднички проекти за благосостојба на луѓето.

Првиот самит се одржа во 2021 година, вториот во 2022 година, а третиот во 2023 година. Сите овие самити се одржаа во главниот град на Украина, Киев.

И овогодинешниот самит на тема „Заштита на детството: Осигурување безбедна иднина“ се одржува во Киев.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија протера 6 британски дипломати поради наводи за шпионажа

Следно

ВИДЕО: Се урна воен авион во Бугарија, неофицијално загинале двајцата пилоти

Latest from Blog

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга
Go toTop