Турско МНР: Телото на Ејги, која беше убиена од израелски војници, се очекува утре да биде донесено во Туркије

September 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека телото на Ајшенур Езги Ејги, која беше убиена од израелски војници на окупираниот Западен Брег, се очекува утре да пристигне во Туркије, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското Министерство се наведува дека Амбасадата на Туркије во Тел Авив и Генералниот конзулат во Ерусалим денес ги завршиле процедурите за пренесување на телото на Ејги, турска државјанка, во Туркије, која намерно беше убиена од страна на израелските војници за време на мирните демонстрации на окупираниот Западен Брег.

„Се очекува телото на починатата утре да пристигне во нашата земја“, се наведува во соопштението во кое турското МНР посака Господ да ѝ се смилува на починатата Ејги и изрази сочувство до нејзините најблиски.

„Уште еднаш го осудуваме ова убиство извршено од геноцидната Влада на Нетанјаху. Ќе вложиме максимални напори ова злосторство да не остане неказнето“, се вели во соопштението.

Според информациите до кои дојде дописникот на АА, Амбасадата на Туркије во Тел Авив ги завршила процедурите за пренесување на телото на Ејги на релација Тел Авив-Баку-Истанбул.

Телото, кое вечерва во 22:45 часот ќе биде пратено за Баку од аеродромот „Бен Гурион“, се очекува да биде донесено во Истанбул со лет на THY утре во 07:35 часот.

Според информациите добиени од дипломатски извори, се очекува погребните процедури да се одржат во местото Дидим, во турската област Ајдин.

– Убиството на активистката Ајшенур Езги Ејги од страна на израелски војници –

Израелските војници пукаа кон учесниците на мирните демонстрации што се одржаа на окупираниот Западен Брег.

Ејги, која учествуваше на овие демонстрации за поддршка на Палестинците и има американско државјанство, беше застрелана во главата и се здоби со тешки повреди.

Ејги била пренесена во палестинска болница, но и покрај сета интервенција на медицинскиот персонал, лекарите не успеале да ја спасат.

Таа беше волонтерка активистка за човекови права во Меѓународното движење за солидарност, кое ги поддржуваше Палестинците со мирни и граѓански методи против израелската окупација на палестинските територии.

Членка на ова движење беше и Рејчел Кори, американска државјанка што беше убиена откако ја прегази израелски булдожер во 2003 година.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган го осуди убиството на Ејги и истакна дека ќе продолжат да вложуваат напори на секоја платформа, со цел Израел да одговара пред законот за злосторствата против човештвото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца кандидати во игра за селекторското место на Србија

Следно

Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува, инспекторите остануваат на терен

Latest from Blog

Андоновски оствари средби со технолошки лидери на почетокот на посетата на САД

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е
Go toTop