Бајрактар: Туркије е заинтересирана за морските наоѓалишта на гас во Египет

September 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за енергија и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, денес изјави дека Туркије е заинтересирана за морските наоѓалишта на гас во Египет за снабдување со јаглеводороди преку бродовите на турската Пловечката единица за складирање и регасификација (ПЕСР), јавува Анадолу.

Во интервју за Уредничкиот деск на Анадолу во главниот град Анкара, министерот Бајрактар ​​укажа на нормализираните односи меѓу Туркије и Египет и потсети дека двете земји неодамна потпишале договори за енергија.

Минатата недела, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси го посети главниот град на Туркије, Анкара.

Бајрактар изјави дека Туркије и Египет можат да соработуваат за нафта и природен гас и дека работат на проекти.

Тој, исто така, ги покани земјите како Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар да инвестираат во проекти за обновливи извори на енергија во земјата.

„Ќе предложиме поконкретни проекти поврзани со овие земји“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВАДА: Јаник Синер се уште е под истрага

Следно

Таравари: Клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop