Кинотека започнува со нов циклус филмски училници

September 11, 2024
1 min read

Од 21 септември во Кинотеката на Северна Македонија ќе започне нов циклус на филмски училници наменет за љубопитните основци кои сакаат да научат што е тоа филм, како се прави филм, и најпосле – самите да направат филм, информираат од таму.

Филмските училници ќе се одржуваат во текот на десетина работни саботи, од крајот на септември до почетокот на декември, во видеотеката и киносалата на Кинотеката. Координатор на целата програма е режисерот Саша Станишиќ, искусен едукатор и филмски професионалец, а на тематски посветените часови гости-предавачи ќе бидат и монтажери, кинематографери, сценаристи, продуценти и филмски професионалци кои ќе ги воведат учениците во тајните на создавањето игран филм.

Овие едукативни сесии, под наслов „FILMAY 2024“, Кинотеката ги реализира во рамки на поширокиот меѓународен проект FilmED (film education), финансиран од од Европската Унија преку програмата МЕДИА. Покрај Кинотеката, заедно со Гете-институт Скопје, како учесници од Македонија, партнерите во проектот доаѓаат од Полска (Centrum Kultury Filmovej im Andrzeja Wajdy), Унгарија (Nemzeti Filmintézet Közhasznú Nonprofit Zrt.), Чешка (Kruton) и Словачка (Kino Usmev), а координатор на проектот е Гете Институтот од Прага.

Кинотеката на Северна Македонија изминативе години има организирано филмски работилници, и давала логистичка поддршка на едукативни работилници за филм (организирани од надворешни соработници), но исто така и учествувала во меѓународни проекти од Erasmus + програмата кои подразбирале изработка на едукативни модули кои се достапни онлајн за обука на оние коишто сакаат да архивираат филмови и да го вклучат филмот во образовниот процес. Овој пат, во рамки на FilmED, искуството од филмската училница ќе го преточи во серија снимени туторијали кои преку веб-страницата на Кинотеката ќе бидат достапни за сите наставници кои сакаат да стекнат повеќе знаење за филмот и истото да го вклучат и пренесат, преку актуелните образовните програми, на учениците со кои работат.

Филмската училница започнува на 21 септември, сабота, а сите заинтересирани можат да се пријават и информираат на тел. +389 78 398 085 или на и-мејл [email protected].

Преземено од Трн.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

 „Фајнанс тинк“ : Пад на извозот и зголемена инфлација во вториот квартал од 2024 година

Следно

Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop