Македонски средношколци освоија сребро на Интернационалната олимпијада по информатика

September 7, 2024
1 min read

Македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Виктор Максимоски од Гостивар и Софија Велковска од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освоија сребрен медал на Интернационалната олимпијада по инфрорматика што се одржува во Египет од 1 до 8 септември.

Како што информираат од Здружението на информатичарите на Македонија, сребрениот медал за Македонија го освоил Дамјан Давков кој од златниот медал го делеле само 9 поени, од можните 600 поени на натпреварот. Благој Рујаноски Стојановски освоил олимписка пофалница.

На 36. издание на ИОИ годинава учествуваат вкупно 370 ученици од 96 земји од целиот свет.

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите членки на ИОИ заедницата.

На овој натпревар учествуваат одбрани талентирани средношколци од целиот свет, кои натпреварувајќи се ги изоструваат своите информатички вештини, како што се анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање и тестирање.

Следната, 37-ма по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2025), ќе се одржи идната година во Боливија.

Следен настан, пак, кој им претстои на нашите информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), чиј домаќин ќе биде Македонија, во периодот од 20 до 26 септември во Охрид.

Здружението на информатичари на Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 100 учесници од 15 различни земји и за таа цел подготовките се во тек, а повикот за спонзорства од македонските компании е сè уште активен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Министерката за финансии се пожали дека немале кафе на работа, па морале сами да купуваат

Следно

Активистката Ајшенур Езги Ејги е убиена од снајперски куршум во главата, покажа аутопсијата

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop