Активистката Ајшенур Езги Ејги е убиена од снајперски куршум во главата, покажа аутопсијата

September 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Обдукцијата на телото на Ајшенур Езги Ејги, турско-американска активистка, потврди дека била убиена од снајперски куршум во главата, изјави денес гувернерот на Наблус, Гасан Даглас, известува Анадолу.

Турско-американската активистка беше убиена од израелските сили вчера за време на протест против изградбата на нелегални израелски населби во градот Беита во областа Наблус, на окупираниот Западен Брег.

Гувернерот Даглас рече дека резултатите од обдукцијата покажале дека причина за смртта е прострелна рана на главата предизвикана од снајперски куршум.

Ејги била итно пренесена во блиската болница каде што починала.

Ајшенур Езги Ејги е родена во турскиот град Анталија во 1998 година. Таа имала турско и американско државјанство.

Активно била вклучена во солидарните движења за поддршка на палестинските права. Нејзината смрт предизвика бес и повици за одговорност и од локалната и од меѓународната заедница.

Израелската армија сѐ уште не ги коментираше деталите за инцидентот, ниту наодите од обдукцијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски средношколци освоија сребро на Интернационалната олимпијада по информатика

Следно

Негатива на полувреме во Торшавн, Македонија тешко се „спојува“

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop