Томислав Османли, Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска на Деновите на македонската култура во Хрватска

September 7, 2024
1 min read

Романот  „Заборав“ е најновата книга на писателот Томислав Османли што во издание на  „ВиГ Зеница“ од Скопје беше објавена кон крајот на минатата година. Својата промоција романот ја доживеа сега, на Деновите на македонската култура, една веќе традиционална манифестација која во организација на невладината организација Хрватско-македонска тангента, се случува деновиве во Шибеник.  Романот „Заборав“ го промовираше нашата истакната компаратистка, теоретичарка и литературна критичарка, професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, чија заедничка теоретска книга со Д-р Владимир Мариновски, вчера на пладне исклучително успешно беше претставена на делот од манифестацијата што се одржа на островот Зларин. 

Синоќа во истиот простор се одржа и вонредно успешното, ликовно, поетско и музичко претставување на  Владимир Мартиновски кој публиката ја плени со изложбата на 48 графики, со поетскиот исказ на македонски и на хрватски јазик како и со својата атрактивна музичка изведба на кавал. 

Инаку, промоциите на новиот македонскиот роман и на ликовно поетското претсравување, се одржаа во присутво на бројни присутни, меѓу кои и поранешниот претседател на Република Хрватска Д-р Иво Јосиповиќ и македонскиот амбасадор Д-р Милаим Фетаи, во репрезентстивниот простор на градска библиотека „Јурај Шижгориќ“. За романот на Османлин аналитичкиот исказ имаше Д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, а фрагменти од романот во превод на хрватски јазик читаше поетот, новинар и водител Никола Урукало

Проф. Капушевска присутните на промоцијата на романот „Заборав“ ги запозна со литературниот опус на Османли. Темата на романот кој говори за феноменот на заборавот и како индивидуален, медицински феномен, но и како социјална дијагноза на современата цивилизација, промоторката ја започна, а во текот на промотивниот исказ и ја надградуваше, со бројни уметнички и книжевно-теориски компаративи: од Платон, Шилер, Џорџ Орвел, Реј Бредбери, Умберто Еко, Георги Господинов, но и на теоретичарите Томас Карлајл, Манфред Остен и Клаус Улрих, за потем да завлезе во анализата на романот „Заборав“.Најновата книга на Томислав Османли беше финалист на конкурсите за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ и на наградата „Стале Попов“ на македонското Друштво на писателите. Промоцијата на 5. Денови на македонската култура во Шибеник на оваа нова македонска прозна објава ѝ дадоа и поширок фокус и значење.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Носиите, песните и ората се македонски амбасадори во светот

Следно

Митева: Венко Филипче како пратеник и министер пријавил различни анкетни листови за имот стекнат и пред да биде на државна функција

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop