Медведев: Тампон зоната може да се протега до Полска

September 5, 2024
1 min read

Тампон зоната на границата со Украина е клучна за Русија со цел да се заштити од гранатирањето на украинската војска, а нејзината ширина ќе зависи од видот на оружје што ќе му биде доставено на Киев, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

„Очигледно, треба да создадеме тампон зона за во иднина да се осигуриме дека ништо нема да долета. Нејзината големина е сечија претпоставка, но треба да биде доволна. Ако Украинците сакаат да добијат средства за напад со долг дострел, како што се крстаречки и балистички ракети, тогаш тампон зоната треба да се протега до Полска“, рече тој.

Тој посочи дека САД ќе продолжат да испорачуваат оружје на Украина без оглед на исходот од претседателските избори. „Верувам дека никој нема илузии: нема да има голема разлика меѓу Трамп и Камала. Сепак, едниот ќе го направи тоа бурно, додека другиот ќе го прави повнимателно“, продолжи тој.

Според Медведев, САД „максимално профитирале“ од конфликтот во Украина. „Заработија пари на сè, ја понижија Европа, ја одвлечкаа индустријата на нивно тло, ништо не изгубија. Ова е исплатливо за нив“, заклучи тој.

На 13 јуни, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би можела да размисли за создавање тампон зона на територијата на Украина доколку Киев продолжи да ги бомбардира руските региони.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без вода делови од Скопје

Следно

Тахири: Курти е докажан антиамериканец, гротескна фигура која на Косово само штети му нанесе

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop