Извршниот директор на Анадолу за етичките предизвици на вештачката интелигенција во медиумите на конференција на АБНА-СЕ

September 4, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – На 32. Генерално собрание на Асоцијацијата на балканските новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-СЕ), со која годинава претседава Анадолу, денес во Истанбул се одржа конференција за односот помеѓу вештачката интелигенција (ВИ) и медиумите, јавува Анадолу.

Домаќин на конференцијата под наслов „Навигација на односот помеѓу вештачката интелигенција и медиумите“ беше Анадолу, а организирана е од членовите на делегацијата на Асоцијацијата на балканските новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-СЕ), со присуство на турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, претседателот и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз, и генералниот секретар на АБНА-СЕ, Кирил Валчев.

Во својот говор Караѓоз ги истакна етичките предизвици што ги поставува вештачката интелигенција (ВИ) во медиумите, опишувајќи ги медиумите како „колективна меморија на човештвото“ и ја нагласи трансформативната улога што ја игра вештачката интелигенција во преобликувањето на новинарството.

Тој истакна дека вештачката интелигенција не е само технолошки напредок туку „длабок интелектуален предизвик“, повикувајќи ја индустријата да размисли дали машините навистина можат да ги сфатат човечкото искуство и етичките вредности.

Караѓоз наведе примери од реалниот свет за недостатоците на вештачката интелигенција, вклучително и алатката за вработување базирана врз вештачка интелигенција од Амазон, која бешe тргната од употреба поради „систематска пристрасност кон женските кандидати“.

Тој, исто така, го истакна алгоритамот за кропирање на Х (Твитер), кој покажа расна пристрасност со непропорционално избирање бели лица.

„Овој пример ни покажува дека вештачката интелигенција можеби не е секогаш во согласност со принципот на непристрасност“, рече Караѓоз.

Зборувајќи за импликациите на вештачката интелигенција во известувањето за конфликтите, Караѓоз изрази загриженост за веродостојноста на вештачката интелигенција, наведувајќи го конфликтот меѓу Израел и Газа.

„Кога ја прашуваме вештачката интелигенција за израелските воени злосторства, не добиваме точни и непристрасни резултати“, изјави тој, нагласувајќи ја етичката одговорност во примената на вештачката интелигенција во новинарството.

Тој ја истакна посветеноста на Анадолу на развојот на одговорни системи за вештачка интелигенција во соработка со Фондацијата за технологија T3.

„Планираме да воведеме нови методи во новинарството со ефективно и одговорно користење на технологијата“, рече тој.

Освен тоа, во воведниот говор Кирил Валчев, генерален секретар на АБНА-СЕ, ги повтори чувствата на Караѓоз, нагласувајќи дека иако вештачката интелигенција може да го подобри медумското работење, таа не може да ги замени човечката креативност и емоции.

„Не можам да замислам место во светот каде што вештачката интелигенција ќе го замени природното создание на Бога, луѓе“, рече тој, нагласувајќи дека „организација како нашата АБНА никогаш нема да стане голем компјутер во кој алгоритмите ќе донесуваат одлуки за нашата заедничка иднина на Балканот“.

Оваа конференција е корисна бидејќи е клучна платформа за меѓународна соработка за решавање на етичките предизвици меѓу вештачката интелигенција и медиумите.

Меѓу останатите учесници на конференцијата присуствуваа и извршниот директор на „Bilisim Vadisi“, Еркам Тузѓем, заменик-генералниот директор и главен уредник на Анадолу, Јусуф Озхан, координаторот на Академијата и публикации на Анадолу, Јахја Бостан, и координаторот на Публикации и продукција на Анадолу, Огуз Караѓоз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арина Сабаленка по осми пат ќе игра во полуфинале на Грем Слем турнир

Следно

Казни во висина од 8,5 милиони евра за неправилности на плажите во Грција

Latest from Blog

Чеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…

ФОТО: UEFA.COM Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател

Битола со рекордни вложувања во спортот и силна поддршка за културата

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Кина иницираше повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили на Tesla произведени во Кина,

Активни четири пожари и четири под контрола

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

Инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица може да придонесе за развој на целиот југоисточен регион, сметаат жители од локалната заедница кои ја поддржуваат реализацијата на проектот. Како една од најзначајните потенцијални
Go toTop