Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал во ЕП

February 11, 2023
1 min read

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше обвинет за „корупција“, а потоа му беше одреден притвор како дел од истрагата за наводите за мешање на Катар и Мароко во одлуките на Европскиот парламент, соопшти белгиското сојузно Обвинителство.

На социјалистичкиот пратеник (59) му е одредена мерка притвор откако беше обвинет за „корупција“, „перење пари“ и „учество во криминална организација“, соопшти Обвинителството.

Уште три лица, меѓу кои и грчката европратеничка Ева Каили, веќе се во притвор во врска со скандалот што избувна на 9 декември и предизвика бран апсења во Брисел.

На тој ден, белгиските инспектори пронајдоа околу 1,5 милиони евра во кеш во кеси или торби во домот на Ева Каили и Пјер-Антонио Панцери во Брисел.

Панцери, поранешен италијански европратеник и клучен осомничен во случајот, во јануари призна дека тој ја организирал измамата. Тој постигна договор за признавање вина со кој се предвидува ограничена затворска казна од една година во замена за конкретни информации за измамата и за инволвираните луѓе.

Според белгиските медиуми, Панцери го именувал Тарабеле на истражителите во декември, веднаш по неговото апсење. Тој тврдеше дека на Тарабели му дал помеѓу 120.000 и 140.000 евра во повеќе наврати за да помогне во случаите поврзани со Катар.

Тарабела негираше дека учествувал во каква било злоупотреба и побара да биде слушнат за да објасни.

Белгискиот суд мораше да почека до крајот на постапката за укинување на имунитетот на Тарабела во Парламентот на 2 февруари пред да може да преземе какви било мерки.

Во истата истрага, на друг социјалистички европратеник од Италија, Андреа Коцолино, исто така му беше одземен имунитетот на 2 февруари, а во петокот беше уапсен во Италија врз основа на меѓународна потерница, соопшти портпаролот на Обвинителството. Белгискиот суд сега чека негова екстрадиција.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Координаторот на ОН за земјотресите во Туркије: Најстрашен настан во регионот во последните 100 години

Следно

Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело

Latest from Blog

Вработувања во контролата на летање – по еден советник за секој директор – синдикатот револтиран

Нов оглас за вработување на кадри со завршено средно но и за советници со завршено високо образование, објави во петокот Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање

Калес Вахид нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид. Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во

Израел ја нападна зградата на Иранската државна телевизија

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија ја нападна зградата на Иранската државна телевизија за време на емитување во живо, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу. Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека израелската армија ја

Платен паркинг започна во Кичево – зона „А“ 30 денари, зона „Б“ 20 денари, зона „Ц“ 10 денари

Во градот Кичево започна плаќањето паркинг. Граѓаните кои паркираа плаќаа преку СМС пораки. Некои бараа помош од минувачите или се јавуваа на телефонскиот број на информативните летоци што беа поставени на автомобилите.

Државата заборава дека може да скрати на акцизите, министерката вели не може да влијае на цената на горивата

Владата, како што напомена, ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи. -Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу
Go toTop