Српско МНР: Меѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

August 31, 2024
1 min read

Бараме пријателите и партнерите во меѓународната заедница, како и меѓународните организации кои работат на Косово и Метохија, итно да го заштитат српскиот народ од теророт на властите во Приштина предводени од Албин Курти, соопшти денеска МНР на Србија.

– Упадот на до заби вооружените припадници на специјалната полиција на Курти во институциите од кои зависи физичкиот опстанок на Србите во четири општини на северот на Косово и Метохија е врв на антисрпската, антицивилизациската и антиевропската политика на Приштина и претставува опасен чекор кон ескалација во најшироки размери, се наведува во соопштението на МНР.

Во него се додава дека „оние кои се на Косово и Метохија според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и се одговорни за безбедноста на сите граѓани на Косово и Метохија, не смеат да бидат неми набљудувачи на теророт што Курти го спроведува, уништувајќи ги шансите за компромисно и мирно решавање на проблемот во јужната српска покраина“.

Белград постојано повикува на мир и дијалог, а Приштина, бидејќи досега не е соодветно санкционирана поради перманетното уништување на дијалогот и насилството врз српскиот народ, прави се за да ја промени ситуацијата на терен до таа мера што дијалогот станува излишен.

-Последен момент е Курти да биде спречен да поттикне нови конфликти на Западен Балкан и да го заокружи планот за етничко чистење, што само во изминатата година и половина резултираше со иселување на 15 проценти од Србите од Косово, како што забележа Меѓународната кризна група, соопштија од МНР.

Од српското МНР заклучија дејка „наместо насилството и самоволието на Курти, итно ни е потребна реафирмација и заживување на дијалогот, бидејќи политиката на Приштина не придонесува за мир и претставува тешки и опасни предизвици за сите одговорни актери во меѓународната заедница, бидејќи тоа е очигледна увертира за хуманитарна катастрофа и многу сериозна дестабилизација на регионот“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Огромен пожар избувна во административна зграда во центарот на Москва

Следно

Врнежите недоволни за културите, земјоделците да продолжат со грижата за посевите

Latest from Blog

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Првиот локално развиен и целосно независен AI модел за HR процеси носи нов стандард во регрутацијата Пронаоѓањето на вистинскиот кандидат никогаш не било поважно  ниту покомплексно. Компаниите секојдневно добиваат десетици, па и

Мерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата

Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов. Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само

Истрагата во Монако добива пресврт: ОСОМНИЧЕНАТА БЕРЕЗОВСКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА

Телото на жената осомничена за убиството на украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако е пронајдено во близина на Киев, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на извори во органите на родот. „На 6

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга, раскажуваат очевидци на настанот за Инфомакс. Лицето М.Т, полицаец во сообраќајна полиција во Струга, на 5 јули половина час по полноќ во населбата Езерски Лозја,
Go toTop