Врнежите недоволни за културите, земјоделците да продолжат со грижата за посевите

August 31, 2024
1 min read

Краткотрајните врнежи што деновиве зафатија одредени делови од земјава, не беа доволни за земјоделските култури, велат агрометеоролозите и предупредуваат дека површините, посебно со пченка, кои не се под системи за наводнување, може да бидат со многу низок принос.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се поволни за појава на болести и штетници во лозарството и овоштарството.

-Изминатата недела имавме сончево и топло време, на некои места појава на краткотраен дожд. Сепак, овие врнежи кои паднаа во изминатите денови на некои места, не беа доволни за земјоделските култури. Пролетните и окопните култури имат поголема потреба од вода, посебно пченката, која е типична култура и има долг вегетациски период, создава голема вегетативна маса, од поникнувањето се до млечна зрелост потрошувачката на вода значително расте. Оние површини кои не се под системи за наводнување можат да бидат со многу низок принос, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Тие потсетуваат дека некои видови овошки во овој период од годината, во август, ги формираат цветните папки.

-Доколку немаат доволно количество вода, родот за идната година може да биде со многу неуедначен пораст, плодовите да останат ситни, а може да дојде и до нивно опаѓање. Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, потенцираат агрометеоролозите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српско МНР: Меѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

Следно

АХВ поради нерегуларности во работењето казни месарница, маркет и ресторан

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop