Врховниот суд на Бразил ги замрзна сметките на Интернет компанијата Старлинк на Илон Маск, на платформата Х и се заканува суспензија

August 30, 2024
1 min read

Врховниот суд на Бразил ги блокираше банкарските сметки на интернет компанијата Старлинк на милијардерот Илон Маск, а неговата социјална мрежа Х е на работ на затворање во јужноамериканската земја.

Старлинк е сателитска интернет услуга на технолошката компанија Спејс Икс (SpaceX) – дел од растечката деловна империја на Маск, која го вклучува и гигантот за електрични автомобили „Тесла“.

Интернет компанијата Старлинк потврди дека добила наредба од судија со која не и се дозволува да врши финансиски трансакции во Бразил.

Одлуката за блокирање на сметките на Старлинк е поврзана и со посебен спор околу неплатените казни од страна на X поради одбивање да се предадат одредени документи. Локалниот весник Фолха објави дека казните се најмалку 20 милиони реали (3,6 милиони долари).

Рокот што Врховниот суд на Бразил му го даде на Х да назначи правен застапник во земјата истекува.

Бразилскиот закон бара од сите интернет компании да имаат правен застапник во земјата кој може да прима судски налози и генерално да одговара пред деловното право.

Судијата Де Мораес потпиша наредба доцна во средата X да назначи таков претставник или ќе се соочи со блокирање во Бразил.

Маск го нарече Мораес „целосен срам за правдата“ и нагласи дека неговата компанија не може да се согласи со барањата на судијата за „тајна цензура и објавување лични информации“.

На почетокот на овој месец, социјалната мрежа X објави дека целосно ги прекинува своите дејности во Бразил поради „наредби за цензура“ на судијата Алесандре де Мораес.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Примопредавање на донација од Турција за Армијата во касарната „Илинден“

Следно

Во кој дел од Македонија утрово беше најсвежо?

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop