Независниот краток игран филм “Мавера” на Батухан Ибрахим ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Тирана

August 29, 2024
1 min read

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција. 

Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.

Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.

Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат: “Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сѐ уште се перцепира како несериозна авантура, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.”

Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм – “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“  беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.

Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска – Костовска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Толку од штедењето: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ предлагаат втор заменик директор во Царина

Следно

ЕУ изрази длабока загриженост поради влошената безбедносна ситуација во Буркина Фасо

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop