Толку од штедењето: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ предлагаат втор заменик директор во Царина

August 29, 2024
1 min read

Иако во предизборието ВМРО-ДПМНЕ најави дека покрај економските ќе ги намали и бројот на замничките директорски места, како и членовите во управни и надзорни одбори, новото предложено законско решение во кое ќе се именува втор заменик директор во Царинската управа го покажува сосема спротивното.

Ова директорко место ќе ги чини граѓаните најмалку 150.000 денари кои би се однесувале на платата, а дополнителни средства би се трошеле на службено возило, административен персонал на заменикот итн.

Предлог законот веќе се наоѓа во Собранието и се очекува набрзо да се изгласа, а предлагачи на оваа измена се Бобан Карапејовски од партијата ЗНАМ, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Белимова од ЗНАМ, Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Цеков од ЗНАМ, Павле Арсоски од ЗНАМ и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментот на директорското место на Царина е поставен Бобан Николовски кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека на позицијата заменик директор е Гарип Каба од редовите на „Вреди“, а според информациите на Рацин.мк се очекува новиот директор да биде од ЗНАМ.

Споре актуелниот закон, раководната структура во Царинската управа е директор и заменик директор, а тоа што се дополнува е дека на овие позиции се отвара ново заменичко место со цел подобро вршење на работите.

-Со Законот за Царинската управа се уредуваат и надлежностите, опфатот на работите и структурата на Царинската управа. Со Предлог-законот тие се доуредуваат, а со измените ќе се дорегулира раководната структура и ќе се обезбеди подобро извршување на надлежностите на Царинската управа. Со предложеното решение ќе се обезбеди поефикасно и поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата и ќе се дорегулира раководната структура, нагласуваат предлагачите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

Следно

Независниот краток игран филм “Мавера” на Батухан Ибрахим ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Тирана

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop