Случајот со Северина ги скара Србија и Хрватска, се огласи Брнабиќ

August 27, 2024
1 min read

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија е пример и светилник на демократија во споредба со Хрватска“ и наведе неколку примери кои, според неа, ја покажуваат разликата меѓу двете земји.

„Не е Република Србија таа што забрани на некого од Хрватска да го посети Крагуевац, Краљево или Јајинци, каде нацистите убиваа луѓе за време на Втората светска војна само затоа што беа Срби, Евреи или Роми, туку Хрватска е таа што му забрани на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да го посети најголемото губилиште на српскиот народ и најголемиот српски град под земја, каде што се наоѓал системот на усташки логори Јасеновац. Таа забрана е во сила и денес“, изјави Брнабиќ во писмено соопштение кое го пренесува Nova.rs.

Брнабиќ истакна дека „во Хрватска, а не во Србија, е можно некој да биде уапсен и осуден на затворска казна од 15 дена само поради изборот на музика што ја слушал во својот автомобил, како што се случило со граѓанинот на Србија, адвокатот Немања Бериќ“.

„Исто така, токму Хрватска е земјата која јавно го забрани влезот на претставници на државата Црна Гора, односно директни претставници на народот, членови на парламентот, само затоа што не им се допадна нивниот став за вашето нацистичко минато“, напиша Брнабиќ.

Таа вели дека Вучиќ „повика да се прекине со практиката на какво било задржување поради политички изјави или ставови на странски државјани на границите на Србија, иако тоа е сосема неспоредливо со практиката на апсења и изрекување затворски казни за луѓе поради музиката што ја слушаат, целосна забрана за влез поради ставови и мислења или забрана без никакво објаснување, како што тоа го прави Хрватска“.

„Тоа е уште еден пример кој ја покажува јасната разлика меѓу вас и нас. Не сме исти“, заклучи Брнабиќ.

Претходно, претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, изјави дека Србија не е демократска држава.

-Мораме да бидеме многу отворени и да кажеме дека Србија не е демократска држава. Ова што го направија со госпоѓа Вучковиќ (Северина) покажува како се однесуваат кон сите оние кои имаат поинакво мислење од владејачката структура во Србија, изјави Јандроковиќ за новинарите.

Со тоа се реферираше на неодамнешното апсење на едно лице во Београд поради сомнеж дека е хрватски шпион, како и на задржувањето на пејачката Северина Вучковиќ на српско-хрватската граница поради вербален деликт.

-Освен што седи на две столици, Србија е недоследна, непринципиелна и предизвикува регионални конфликти, рече Јандроковиќ.

-Мораме да бидеме попаметни и да не наседнуваме на провокации. Не сакам да им пропишувам како ќе пишуваат медиумите, но мислам дека би било паметно малку да го игнорираат Вучиќ, додаде тој. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 3 септември протест на пензионерите во Скопје

Следно

На „Табановце” и „Богородица” се чека околу 30 минути

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop