Бугарски европратеник: Убаво кажа Заев, Бугарија немала фашистичка власт – силите кои беа против тоа беа многу посилни!

August 24, 2024
2 mins read

Дали за Македонија важат посебни критериуми надвор од добропознатите „копенхашки критериуми“? Што е со 14-те пресуди на Стразбур против Бугарија за прекршување на правата на македонското малцинство, вклучувајќи го правото на здружување? Уште колку отстсапки ќе треба да направи Македонија на нејзин грб, само за да продолжи кон нејзиниот европски пат, но и дали тие условувања се „европски“?

За ова и многу други прашања, зборуваше европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев, за ПОГЛЕД.

-Јас сум сведок на сите тие процеси, кои се случија после потпишувањето на договорот на Илинден во 2017 година. Тогаш имаше голема желба за инфраструктурна, финансискса, културна соработка за да се зголеми намалената доверба меѓу народите. Многу други формати учествуваа, многу македонски млади учествуваа и овде кај нас. На се тоа се стави крај бидејќи во Македонија има сили од длабоката држава кои се исплашија односно не го сакаа тоа. Македонија е можеби една од најпројугословенските земји и Тито. Тоа е голем проблем кој ја враќа Македонија назад. Ние сакаме да ги отстраниме негативните работи од минатото. 2020 година наводно немало струја, немало вода, и се откажаа театри во Штип и Струмица. СДСМ се комунисти на Тито. Заев се спротистави и на неговите комунисти и го потпиша тој многу братски договор. Вклучително си спомнувам кога даде интервју за БГНЕС кога кажа бугарската администрација, од тој момент кога го даде тоа интервју и кога ја даде академската формула за тоа како било навистина, многу југословенски струи во Македонија почнаа да работат не само против Бугарија туку и против него. Силите кои не сакаат затоплување на односите беа многу посилни, отколку на тој Заев. Тоа за мене е основниот момент и повторувањето дека Бугарија е фашистичка држава, Бугарија не е имала фашистичка власт, изјавите за Цар Борис 3 итн се навистина едни тешки глупости, рече тој.

Бугарскиот европратеник посочува дека има Македонци кои се чувствувале Бугари, сега поминал тој процес на создавање на една современа македонска идентичност и тој започнувал од тука.

-Денеска не вели никој дека не постои македонска нација, дека Вие не сте македонци, меѓутоа и не можеме да го заборавиме и минатото. Ваше право е да се чувствувате како македонец, истото право го има и тој кој што се чувствува бугарин и ја знае историјата на својот род. И вие може да знаете дека вашите баба и дедо се чувствувале бугари, а сега да се чувствувате македонец. И тоа е сосема нормално. Ние никогаш не кажуваме дека сега Вие сте бугари, тоа е апсурдно. Вие може да знаете историјата дека вашиот дедо, прадедо се чувствувале бугари, вие сега се чувствате макеоднец. Тоа е развој на човечката историја, ние не можеме да имаме проблем со тоа. Малку е фантастично што во Македонија некој сака да го промени самоопределувањето на Георги Николов Гоце Делчев од татко и мајка бугари, кој предавал во бугарското училиште во Софија, во бугарското училиште во Штип и сега наеднаш треба да кажеме тој не е таков, ние ќе му смениме идентичноста. Поминаа од 90-ата година многу работи. Имавме декларација меѓу Љубчо Георгиевски и Иван Костов и тоа треба да биде основата на нашето добрососедство и братство. Не треба да носиме омраза помеѓу младите луѓе, истакна Ковачев.

-Нема како да се искорени hate speech-от и во медиумите, но и во црквите во Македонија, на универзитети итн итн, ако продолжат во ист стил да ги учат за историските невистини младите луѓе. Се уште во Македонија се празнува како го нарекуваат „прва пушка“, а тоа нема никаква историска вистина. Тоа е де факто терористички акт на терорист кој го убива својот сограѓанин во грб, татко на две деца. И тоа уште се третира како некаква си прва пушка против некаков си фашистички бугарски окупатор. Овде во Бугарија не се одбележуваат комунистичките празници, ние 9 септември го означуваме како најцрниот ден во историјата на Бугарија, кога комунистите доаѓаат на власт. Вчера беше 23 август, ден на почитување на жртвите на национал-социјализмот и фашизмот, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за „Поглед.мк“.

 

Целото интрвју прочитајте го на ПОГЛЕД

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Системот со нови правила за патување во ЕУ „Етиас“почнува од средината на 2025 година

Следно

ОJO Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за сомнение дека извршил полови дејствија врз малолетник

Latest from Blog

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ. Ова е прва средба на новиот претседател на СДСМ

Дел од општините сè уште немаат мерни станици – Дали воздухот во Македонија е многу позагаден отколку што мислиме?

Енормното загадување на воздухот е реалност што нè чека и оваа зима, иако не е официјално започната, речиси секој ден, освен кога има дожд и ветер граѓаните се гушат во висока концентрација

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена

Какво ќе биде времето денес?

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки
Go toTop