ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс”

August 24, 2024
3 mins read

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител предлага Апелацискиот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност.

Според јавниот обвинител, во овој случај, како што стои во соопштението, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.

-Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи  судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно  ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.

Меѓутоа, објаснуваат од ЈО, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.

-Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и  имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и  имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето  поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и  имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор, посочува Обвинителството.

Според јавниот обвинител, стои во информацијата, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.

-Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите  автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски, истакнува јавниот обвинител во жалбата.

Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот „Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и „штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило.

-Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата, соопштува Обвинителството.

Како што дополнува, за возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава. Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност, се наведува во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Повторно воведена заедничката копнена патрола на Туркије и Русија во оперативната зона на „Извор на мирот“

Следно

Американска војска убила водач на група поврзана со Ал Каеда

Latest from Blog

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Ѓоко Зоровски  од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Аргумент плус рече дека, во депонијата со години се шири чад и миризба која ги туре граѓаните. Според него, решението е регионална депонија. „Она

Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

Елиф Елмас игра во одлична форма по позајмицата од Лајпциг во Торино, но како што одминува времето така се намалуваат и шансите италијанскиот клуб да го откупи договорот на македонскиот „дијамант“ и

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,
Go toTop