Повторно воведена заедничката копнена патрола на Туркије и Русија во оперативната зона на „Извор на мирот“

August 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во писмено соопштение што турското Министерство за национална одбрана го објави вчера се наведува дека комбинирана копнена патролна активност е спроведена во западниот и источниот дел од оперативната зона „Извор на мирот“, во согласност со „Договорот од Сочи“ и неговите принципи за спроведување, потпишан меѓу Туркије и Руската Федерација на 22 октомври 2019 година, известува Анадолу.

Во соопштението се потсетува дека првата комбинирана копнена патролна активност е спроведена на 01.11.2019 година, при што се истакнува:

„До 5 октомври 2023 година беа извршени 344 комбинирани копнени патролни активности, а истите беа прекинати поради безбедносната состојба во регионот. Комбинираната копнена патролна активност спроведена од Туркије и Руската Федерација повторно е воспоставена на 22 август 2024 година со 4 возила (2 Парс, 2 Кирпи-2) и учество на 24 лица во источниот дел на оперативната зона ‘Извор на мирот’.

Демонстрирајќи ја турско-руската соработка во борбата против тероризмот, планирано е во наредниот период да продолжи комбинираната копнена патролна активност со цел осигурување на безбедноста на границите на нашата земја и цивилното население во регионот, воспоставување стабилност во северниот дел на Сирија, идентификација на контролни пунктови, штабови и воени структури кои им припаѓаат на терористичката организација ПКК/ЈПГ-СДГ кои мора да го напуштат регионот, што е во согласност со договорот постигнат од страна на Туркије со САД и Руската Федерација.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемена фреквенција на возила на ГП

Следно

ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс”

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop