ВОЈДАН АНДОНОВ И ЦАНКО СТЕФАНОВ СО „РЕВОЛВЕР“ ПОБЕДИЈА НА СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, ОД МАКЕДОНСКИ МЛАДИ АВТОРИ СЕ НАД 200 ОД 350 ПРИЈАВЕНИ СТРИПОВИ

August 22, 2024
1 min read

После 14 години, добитници на првата награда на Меѓународниот стрип салон кој се одржува во Велес се македонски автори. Наградата од 300 евра, ја освоија Војдан Андонов (сценарио) од Скопје и Цанко Стефанов (цртеж) од Демир Капија за стрипот „Револвер“. Втората награда ја освои стрипот „Вера, невера“ на група автори од Србија и третата награда „Коцкање со животот“ на авторите Никола Видаковиќ (сценарио) и Драган Павасовиќ (цртеж) од Србија.

„Од 19 години работам на стрип, сега имам 28. Стрипот кај нас е фамилијарна работа, јас сум наследник, дедо ми, татко ми , чичко ми сите се големи стрип љубеници, имам колекција стрипови и беше лесно да се внесам во овие води. Приказната во наградениот стрип е за првиот револвер во Европа“,  кажа Стефанов, кој заедно со Војдан Андонов се членови на стрип студиото „Парагонс“ од Скопје.

„Ние сме десет членови на ова студио за стрип кое постои година и половина, осуммина се уметници, цртачи и двајца се сценаристи. Ова го работиме со голема жар, со голема љубов кон уметноста, кон стрипот. Подготуваме нови работи, кои искрено се надеваме дека ќе ѝ се допаднат на македонската публика“, изјави Андонов.

Меѓу пристигнатите дела имаме безмалку 200 стрипови од македонски автори, што за жирито е импозантна бројка. (Фото: СДК.МК)

На годинашниот 21. по ред меѓународен стрип салон „Велес 2024“ стигнале 351 стрип, што според организаторот е меѓу рекордните бројки пристигнати стрипови на досегашните изданија, стрип дела изработени од автори од 17 држави.

„Меѓу пристигнатите дела имаме безмалку 200 стрипови од македонски автори, што е импозантна бројка. Тоа говори за еден жив, неверојатно голем интерес за стрип културата во Македонија. Воочивме како жири дека дел од авторските трудовите се дела на млади стрип ентузијасти, вљубеници во сликовното приповедање, кои допрва почнуваат да ги откриваат тајните на стрипот. Друг дел се дела на веќе афирмирани професионалци, афирмирани мајстори на стриповскиот јазик, кои работат за познати светки стрип издавачки куќи. Радува бројноста на делата од македонските автори, уметници и илустратори, што говори дека стрипот во оваа нова визуелна ера која ја живееме, за младите стрипот не е уметност од маргините, туку станува платформа, модел за комуникација. Тоа може да нѐ радува, дека стрипот се враќа како деветта уметност во земјава“ , рече д-р Бошко Караџов, член на жирито, во кое беа Ване Трајков и Горан Мазнев.

На годинашниот 21. по ред меѓународен стрип салон „Велес 2024“ стигнале 351 стрип, што според организаторот е меѓу рекордните бројки пристигнати стрипови на досегашните изданија, стрип дела изработени од автори од 17 држави. (Фото: СДК.МК)

Меѓународниот стрип салон во Велес финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Велес.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Дали Рамадани избегал на Косово со партиско-полициска организирана шема, очекуваме одговори

Следно

Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа

Latest from Blog

Битола повторно на фудбалската мапа: женската селекција ќе игра квалификации за СП

Женската фудбалска репрезентација во периодот од четврти до осми февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Женската селекција квалификациите

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на
Go toTop