СДСМ: Дали Рамадани избегал на Косово со партиско-полициска организирана шема, очекуваме одговори

August 22, 2024
1 min read

„Дали е точно, дека на 10 август, кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил на Косово? Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија?“, прашаа денеска од СДСМ на прес конференција што ја одржа Митко Трајчулески, пратеник од редовите на оваа партија.

Следните прашања на Трајчулески до Тошковски, МВР, ВМРО-ДПМНЕ и Влен е „дали е точно дека на 14 август, односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола? Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема?“

Трајчулески истакна дека СДСМ ги има деталите и потсети дека секоја лага на Владата и институциите во однос на овие прашања е кривично дело.

Тој потенцираше дека на овие прашања очекуваат одговори во следните 24 часа и доколку не ги добијат тие ќе ги објават сите информации од свиркачите што стигнале до нив.

„Време е јавноста конечно да ја дознае вистината за скандалот поврзан со бегството на Блерим Рамадани, вистина која се крие од страна на МВР по секоја цена. Вистина која ја разоткрива целосната шема за тоа кој го организирал и овозможил бегството на Рамадани и како всушност е партизирана и узурпирана државната граница со Косово од страна на структури од власта“, порача Трајчулески.

Од СДСМ очекуваат Владата и МВР да се одважат да излезат и јавно да ја соопштат вистината за целата организација на бегството на Рамадани, зашто според сите информации кои ги имаат јасно е дека Владата и МВР точно знаат што се случило и молчат.

„Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема?“, праша Трајчулески.

Од СДСМ уште го прашуваат Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР? Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата?

„На Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН им даваме можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани“, рече Трајчулески.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани и сакаат да сокријат скандал дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време

Следно

ВОЈДАН АНДОНОВ И ЦАНКО СТЕФАНОВ СО „РЕВОЛВЕР“ ПОБЕДИЈА НА СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС, ОД МАКЕДОНСКИ МЛАДИ АВТОРИ СЕ НАД 200 ОД 350 ПРИЈАВЕНИ СТРИПОВИ

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop