Жена спасена од под урнатините 107 часа по земјотресите во Туркије

February 10, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Уште една жена е спасена од под урнатините на зграда во турскиот град Низип, во областа Газиантеп, 107 часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Припадници на спасувачкиот тим денеска слушнале гласови од урнатините на шесткатница во Газиантеп и по опсежна акција, на крајот успеале жива да извлечат една жена.

Жената која се здобила со повреди во земјотресот, префрлена е во болница.

Уште две лица, од кои едно дете, спасени се од истата урнатина два часа претходно.

Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

Најмалку 3.384 лица загинаа, а 5.245 се повредени и во Сирија, по серијата земјотреси со епицентри во турската област Кахраманмараш, кои го потресоа регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФБИ прогласи војна со американски католици, па се повлече

Следно

Герасимовски: Со одлична динамика се одвива изградбата на градинката „Пролет“

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop