12 години затвор за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова 

May 13, 2025
3 mins read

Казна затвор  од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судијката Снежана Марковска, на објавувањето на пресудата денеска во Основниот кривичен суд Скопје рече дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешениот живот – активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото,  додека како отежнителни интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број бланкетни норми од Законот за сообраќај, како и степенот на опасност од предизвикување на ова дело и тоа што обвинетиот е претходно осуден на казна затвор од три години и десет месеци за недозволена трговија со дрога и фактот што против него пред судот се отворени уште неколку постапки за поминување на црвено и загрозување на животот на пешаците и целосно игнорантскиот однос кон нив.

Особено како отежнителна околност судот ја цени загубата на еден млад живот, што најмногу ја чувствуваат родителите и семејството.

Судот внимавајќи на целите од законот и сите околноста за висината на казната и даденото признание на вина ја одреди следната пресуда: -Обвинетиот Васил Јованов е виновен затоа што без возачка, на црвено, шод дејство на алкохол поминал на пешачки и удрил во пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло, и од кои се здобила со тешки повреди од кои на лице место настапила смрт. Судот го осудува на казна затвор од 12 години, во кое му се засметува и времето поминато во притвор, забрана за управување со возило од пет години и да плати парична казна и трошоци за судската постапка, изјави судијката.

Пресудата не е правосилна и Јованов има право на жалба пред второстепен суд.

Јованов на минатото рочиште пред Судот призна вина за делото и изрази каење. Според обвинението тој на 29 јануари годинава, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин, при што удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов, во завршен збор пред Судот. 

На првото рочиште што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Бранителот на Јованов во завршниот збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство. Повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, и да било така, дека обвинителот ќе го гонел и за неукажување на помош. 

Тој пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 и видео со времетраење од 36 секунди, за кое рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова, во завршен збор пред Судот на минатото рочиште, рече дека не е само мајка што го изгубила своето дете, туку човек со откорната душа.

– Денеска сум гласот на Фросина, бидејќи таа не може да зборува. Кажете ми кој збор од законот може да го опише ова и да ја опише болката што ја имам. Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за грабежна живот и иднина. Барам највисока казна не за одмазда, туку за правда, рече таа.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

35 години од „Максимир“ кој го означи стартот на војната во Југославија

Следно

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop