На Светскиот ден на хуманитарната помош Туркије апелираше Израел да се повика на одговорност

August 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије вчера го одбележа Светскиот ден на хуманитарната помош со осуда на израелската офанзива врз Газа, во која се убиени повеќе од 40.000 луѓе во последните 10 месеци, нагласувајќи ја потребата Израел да се повика на одговорност за стореното, јавува Анадолу.

„Им оддаваме почит на оние што пожртвувано служат во секој агол на светот“, соопшти турското Министерство за надворешни работи (МНР) на социјалната мрежа Х, оддавајќи им почит на хуманитарните работници.

Турското МНР го обвини Израел дека извршил злосторства против човештвото.

„Откако масакрираше повеќе од 40.000 невини Палестинци, главно жени и деца, во Газа, Израел продолжува неселективно да убива хуманитарни работници и волонтери, особено персоналот на УНРВА (Агенција за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток)“, објави турското МНР.

Туркије апелираше до меѓународните судови да ја повикаат израелската Влада на одговорност.

„На Светскиот ден на хуманитарната помош повторуваме дека крвавата Влада на Нетанјаху мора да биде повикана на одговорност колку што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

Светскиот ден на хуманитарната помош е годишен настан што го одбележува Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН), во чест на годишнината од бомбардирањето на седиштето на ОН во Багдад, Ирак, во 2003 година, во кое загинаа 22 вработени на ОН. Со ова им се оддава почит на сите што се соочуваат со опасност при давање хуманитарна помош.

Според ОН, 2023 година беше најсмртоносна година за хуманитарните работници, а 2024 година би можела да биде уште посмртоносна.

И покрај универзално прифатените меѓународни закони со кои се регулира водењето вооружени конфликти и го ограничуваат неговото влијание, прекршувањата на овие закони продолжуваат несмалено, неоспорно и неконтролирано. Цивилите, вклучително и хуманитарните работници, ја плаќаат најголемата цена, а сторителите и понатаму ја избегнуваат правдата.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.139.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште од војната пред тој да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД тврдат дека Нетанјаху го прифатил новиот предлог за прекин на огнот во Газа

Следно

Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop