САД тврдат дека Нетанјаху го прифатил новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 20, 2024
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифатил новиот „предлог за премостување“ за договор за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа, но од Хамас истакнуваат дека всушност предлогот „ги исполнува условите на Нетанјаху“ и е во согласност со неговата агенда, известува Анадолу.

Обраќајќи им се на новинарите во Тел Авив, Блинкен рече дека „предлогот за премостување“ што Нетанјаху го прифатил „го одразува тоа што е во договорот за прекин на огнот што американскиот претседател Џо Бајден го претстави на 31 мај“.

„Сега на Хамас останува да го стори тоа, а потоа страните, со помош на посредници од САД, Египет и Катар, ќе се собрат и ќе го завршат процесот на постигнување јасни разбирања за тоа како ќе ги имплементираат обврските што ги презеле според овој договор“, додаде Блинкен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Нетанјаху е посветен на праќање израелски тим во Доха или Египет за да се обиде „да го заврши овој процес“.

САД, Египет и Катар минатата недела по разговорите за прекин на огнот во Доха објавија дека им предложиле на Израел и на Хамас, како што го нарекоа, „предлог за премостување“ за понатамошно намалување на „преостанатите празнини на начин што овозможува брза имплементација на договорот“.

Од друга страна, палестинската група Хамас во неделата соопшти дека новиот предлог ги исполнува „условите на Нетанјаху и е во согласност со нив, особено неговото отфрлање на траен мир, целосно повлекување од Појасот Газа и неговото инсистирање на продолжување на окупацијата на раскрсницата Нецарим (која го дели северот и југот на Појасот Газа), преминот Рафа и коридорот Филаделфија (на југ).

„Нетанјаху постави и нови услови во делот за размена на заложници и воведе други услови, што го попречува завршувањето на работата“, се вели во соопштението на Хамас.

Од Хамас ја истакнуваат својата посветеност на она што е договорено на 2 јули.

Бајден во мај рече дека Израел претставил трифазен договор со кој ќе се стави крај на непријателствата во Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците што се држат во крајбрежната енклава. Во планот е вклучено прекин на огнот, размена на заложници и затвореници и реконструкција на Газа.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 40.139.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште од војната пред тој да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бајден: Ние ја донесовме демократијата и сега мора да ја зачуваме

Следно

На Светскиот ден на хуманитарната помош Туркије апелираше Израел да се повика на одговорност

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop