Кабинет на Гаши: Посетата  беше целосно транспарентна и усогласена со сите процедури

August 18, 2024
1 min read

 

Дали претседателот на Собранието Африм Гаши ја зоупотребил функцијата  и користел  службено возило за приватни цели во Косово. Медиумот „Индекс“ синоќа објави видео снимка на која наводно се гледа неговото службено возило како дел од свадбарска колона. 

Од Либерално демократската партија бараат одговори дали ако собранискиот претседател Африм Гаши имал патен налог, по кој основ е издаден истиот, за која намена, во колкаво времетраење и колку сето тоа ги чини граѓаните со чии средства од даноците се одржуваат службените возила.

Од Кабинетот на собранискиот спикер Гаши ја потврдуваат веста, но велат дека нема ништо незаконско зашто претседателот е придружуван од обезбедување, како што наведуваат, 24/7.

Претседателот на Собранието на 17 август, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата, велат од кабинетот на Гаши.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До среда променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален дожд

Следно

Во текот на вчерашниот ден најмалку десет пожари во Грција биле предизвикани од громови

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop