Поднесено обвинение за Палевски за грабнување и двојно убиство

August 12, 2024
2 mins read

Oбвинителн акт против Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, поднесе основното јавно обвинителство. Според надлежниот јавен обвинител  Палевски се товари за две кривични дела убиство и две кривични дела грабнување.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:

Едно кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 1 и точка 7 во врска со член 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело убиство член 123 став 2 точка 1 и точка 4 во врска со член 22 од Кривичниот законик и двете казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик,

Едно кривично дело грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

Обвинител до Судот исто така  поднел и предлог за спојување на постапката против Палевски со онаа против останатите четворица обвинети за случајот, за кои Обвинителството претходно поднесе обвинение. Како и предлог за продолжување на притворот на Палевски.

-Со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази“, информираат од ОЈО.

Според соопштението, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а целта им била да присилат член на нејзиното потесно семејство да дада пари за откуп. Во образложението стои дека  Палевски на 22 ноември минатата година  заедно со уште тројца од претходно обвинетите го грабнале Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на Вања во Скопје.

„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано ‘Рудник’ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“, информираат од ОЈО. 

На 27 ноември, четворицата помогнати од таткото на Вања, го грабнале девојчето во влезот од зградата каде што живее на улицата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје. Откако ја врзале, ја однеле во близина на местото викано Дупки во атарот на селото Бразда, каде што на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот. По поднесеното обвинение и добиениот предлог Основниот кривичен суд Скопје сега  треба да донесе одлука за спојување на постапките во еден предмет. Инаку Првообвинетиот Љупчо Палевски по убиствата беше во бегство и успасен во Баликесир, Турција, а на 15-ти мај годинава беше екстрадиран во земјава и спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој според негивиот адвокат за убиствата пред обвинителството негирал вина. Откако на 30 јули се откажа првото судско рочиште на соизвршителите при грабнувањата и убиствата – Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски. Сега против сите петмина обвинети судењето ќе биде на 4-ти септември. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фезер: Заканата од исламистички тероризам во Германија „останува висока“

Следно

Протест на Албанците во Бујановац, бараат поголеми права

Latest from Blog

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот

Сестрата на Фросина најави протест  за денеска: Судот донесе одлука дека убиството во Македонија се исплаќа

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје. Овој повик доаѓа откако Основниот кривичен суд скопје денеска му досуди 12 години

Синер по пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим: Како да ми падна голем товар од грбот

Три месеци без играње тенис поради суспензија оставија трага врз играта на Јаник Синер, но ниту еден од неговите противници досега не успеа да го искористи тоа. Франческо Серундоло синоќа го измачи

Францускиот претседател изрази поддршка за забраната за носење марами на спортски натпревари

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон изрази поддршка за забраната за носење марами на спортски натпревари, пренесува Анадолу. „Стојам зад Олимписката повелба, која забранува носење на сите верски симболи за време

AA на Таравари: Очекувано во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид

Од Алијансата за Албанците, крило на Арбен Таравари кој излезе од владината коалиција, велат дека внимателно ги следеле „тврдењата“ на ВМРО против нивната партија и нејзиниот лидер. Како што велат, се очекува
Go toTop