Фезер: Заканата од исламистички тероризам во Германија „останува висока“

August 12, 2024
1 min read

Заканата од исламистички тероризам во Германија „останува висока“, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, цитирана од ДПА.

Таа ја даде својата изјава неколку дена откако беа откажани концертите на пејачката Тејлор Свифт во австриската престолнина Виена поради тврдењата за планиран напад.

Фезер рече дека безбедносните сили во соседна Австрија се соочиле со „сериозна исламистичка закана“ кога спречиле план за напад на концертите на Свифт минатата недела.

„Нашата земја е исто така во центарот на вниманието на џихадистичките организации“, рече Фезер и ја спомна групата „Исламска држава“ и еден од нејзините ограноци, „Исламската држава-провинцијата Хорасан“.

„Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламистички сторители кои често се радикализираат во голема мера сами од себе, се опасност која постои“, рече министерката.

Таа ова го изјави по посетата на седиштето на германската агенција за внатрешно разузнавање во Келн.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ѝ понуди помош на Грција во справувањето со големите пожари што беснеат близу Атина

Следно

Поднесено обвинение за Палевски за грабнување и двојно убиство

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop