Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко

August 11, 2024
1 min read

Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу  З.Р од Кавадарци и К.К. од Неготино. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што констатирале дека К.К. бил под дејство на алкохол. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 20:25 часот, З.Р., на возраст од 43 години од демиркаписко село, на полициски службеници од полициската станица во Неготино им пријавил дека бил физички нападнат од страна на К.К, 34-годишно лице од Неготино, додека во 20:30 часот во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во близина на основно училиште во градот, лицата Н.Н.(23), неговата мајка Д.Н. (47) и неговата братучетка И.В. (30), сите од Росоман, биле физички нападнати од страна на неколку лица. 

Рано утрово во 02:30 часот во полициската станица во Кавадарци, С.П., на возраст од 47 години, пријавил дека во дворот од семејната куќа во кавадаречко село, дошле лицата А.Ѓ и В. С. од Кавадарци и физички го нападнале. 

Денеска во 04:20 часот, од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, на градскиот плоштад во градот, било затекнато лицето Ј.Н., на возраст од 22 години од Неготино, кое, во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир.

Од Миистерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Две лица загинаа во руски ракетен напад врз главниот град Киев

Следно

Во Јапонија и понатаму на сила предупредувањето за мегаземјотрес, по потресот во четвртокот

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop