ВРЕДИ: Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД

August 11, 2024
1 min read

„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг.

Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.

Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.

Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.

Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.“ – се вели во соопштението на Коалиција ВРЕДИ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз агресорот

Следно

Ај кој може подолго без телефон во кола?

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop