Турскиот претседател Ердоган ги прими синовите на убиениот шеф на Хамас

August 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа ги прими Абдуселам и Хамам Ханије, синовите на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој беше убиен минатиот месец во иранскиот главен град Техеран, јавува Анадолу.

За време на средбата во Истанбул, Ердоган им изрази сочувство на синовите на Ханије за смртта на нивниот татко.

Присутни беа и шефот на турската разузнавачка служба, Ибрахим Калин, и главниот советник на претседателот Сефер Туран.

Исмаил Ханије беше убиен на 31 јули во иранскиот главен град Техеран. Иран и палестинската група Хамас за убиството го обвинија Израел, кој ниту ја потврди ниту ја негираше одговорноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десет патници го пропуштиле авионот што се урна во Бразил

Следно

Зеленски за украинската инвазија на руската област Курск: Украина докажува дека е способна да изврши притисок врз агресорот

Latest from Blog

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,

Младинците со пораз ги завршија квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи

Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието. На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола
Go toTop