Билансот на загинати Палестинци во Газа се приближува до 39.800

August 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска уби уште 40 Палестинци во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година достигна 39.790, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 91.702 Палестинци.

„Израелските сили убија 40 луѓе, а повредени се 140 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од 10 месеци по почетокот на израелските напади, огромни делови на Газа се во урнатини, каде е наметната и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научниците си прават зијан со политика на социјални мрежи

Следно

Ердоган го отвори новоизградениот Меѓународен аеродром во Чукурова: Локомотива на развојот на Медитеранот

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop