Белорускиот претседател: Десетина украински дронови соборени над Белорусија

August 10, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека десетина украински беспилотни летала биле соборени над неговата земја во текот на ноќта, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференцијата во главниот град Минск, Лукашенко рече дека дроновите биле детектирани и уништени од системите за противвоздушна одбрана во јужна Белорусија.

„Се сомневаме дека тоа се дронови за извршување напади. Нарушувајќи го воздушниот простор на Белорусија, дроновите дојдоа од Украина“, рече тој.

Белоруските сили за противвоздушна одбрана биле ставени во борбена готовност, рече Лукашенко, додавајќи дека Украина постојано го нарушува белорускиот воздушен простор.

„Силите за противвоздушна одбрана беа ставени во целосна готовност за пресретнување на цели. Имаше околу десетина од нив. Полетаа авиони и хеликоптер. Исто така, системите за повеќекратни ракетни лансирања беа ставени во состојба на висока готовност“, рече тој.

Белорускиот претседател истакна дека радарите откриле повеќе дронови кои се движеле кон рускиот град Смоленск, но потоа го смениле правецот летале кон градот Јарослав.

Лукашенко рече дека белоруската војска ги предупредила своите руски колеги за заканата и дека сите дронови биле успешно соборени од руските системи за противвоздушна одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цивилната одбрана на Газа: Израел овој месец нападна 13 засолништа каде што се сместени раселени Палестинци

Следно

Туркије: Израел изврши „злосторство против човештвото“ убивајќи над 100 цивили засолнети во училиште во Газа

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop