Цивилната одбрана на Газа: Израел овој месец нападна 13 засолништа каде што се сместени раселени Палестинци

August 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел од почетокот на август изврши воздушни напади врз 13 засолништа во Газа, каде што се засолнети раселените Палестинци, изјави денес портпаролот на Цивилната одбрана во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

Последниот напад се случи рано утрово кога израелската војска го бомбардираше училиштето Ал-Таба’ин во населбата Ал-Дараџ, во источниот дел на градот Газа, при што загинаа најмалку 100 Палестинци.

На прес-конференцијата, Махмуд Басал, портпаролот на Цивилната одбрана во Газа, рече дека во израелскиот напад врз училиштето Ал-Табаин погодени биле два ката, на едниот кат живееле жени, а другиот кат служел како соба за молитва за раселените цивили.

Овој напад резултираше со бројни жртви, а многу лица сè уште не се регистрирани, додаде тој.

„Бараме светот веднаш да интервенира за да ги запре масакрите врз беспомошните цивили во засолништата“, порача Басал.

Претходно, владината Канцеларија за медиуми во Појасот Газа соопшти: „Израелската армија директно ги таргетираше раселените цивили додека ја извршуваа утринската молитва, (што) доведе до брз пораст на бројот на жртви.“

И покрај апелите во четвртокот од посредниците Египет, САД и Катар да се запрат непријателствата, да се постигне прекин на огнот и договор за размена на заложници, Израел продолжува со својата смртоносна офанзива во Појасот Газа.

Во израелската офанзива врз Газа од октомври минатата година убиени се речиси 39.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.700 се повредени.

Повеќе од 10 месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со бесплатни патувања Русија ја „купува“ љубовта на младите Молдавци

Следно

Белорускиот претседател: Десетина украински дронови соборени над Белорусија

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop