Турскиот претседател Ердоган во Анкара оствари средба со катарскиот емир Ал Тани

August 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го повтори својот повик до меѓународната заедница да ја запре опасната ескалација на агресијата на Израел, предупредувајќи дека тоа може да го втурне регионот во поширок и уште подеструктивен конфликт, јавува Анадолу.

Ердоган, на средбата во турскиот главен град Анкара со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, „рече дека Израел се обидува да ги ескалира тензиите во регионот преку своите напади и на палестинските територии и на Либан“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.

Исто така, Ердоган ја повика глобалната заедница да преземе ефективни чекори за запирање на „засилената израелска агресија“, се додава.

Ердоган и Ал Тани се сретнаа во претседателскиот комплекс во Анкара.

„Претседателот Ердоган истакна дека атентатот врз шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, од страна на Израел уште еднаш го покажа немањето намера да учествува во прекин на огнот“, се додава.

Израел не ја презеде одговорноста за атентатот што се случи минатата недела во Техеран, но Иран вети одмазда.

Наведувајќи дека Туркије прави напори за траен мир во регионот, Ердоган ја изрази намерата на Анкара да ги зајакне напорите за соработка со Доха за постигнување резултати.

За време на средбата Ердоган и Ал Тани разговараа и за односите меѓу двете земји, како и за глобални и регионални прашања.

Изразувајќи ја целосната посветеност на Туркије на унапредувањето на соработката со Катар во економските односи, како и на политичко, воено, комерцијално и културно поле, турскиот претседател рече дека идните чекори ќе ја зајакнат солидарноста меѓу двете земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел издаде нови наредби за евакуација на цивилите од Кан Јунис поради нова офанзива

Следно

Сообраќајка кај велешкото село Дреново

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop