Турскиот министер за надворешни работи се состана со својот етиопски колега во Адис Абеба

August 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес се сретна со етиопските лидери во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, јавува Анадолу.

По пристигнувањето во земјата Фидан беше примен од премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед Али, а се сретна и со неговиот колега Таје Атске Селасие, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Bakan Fidan Etiyopya'da temaslarda bulundu

Според дипломатски извори, за време на посетата се очекува Фидан да разговара за билатералните односи, помирувањето на Етиопија со соседна Сомалија, како и за регионални прашања.

Дипломатските односи меѓу Туркије и Етиопија датираат од 1896 година, пред основањето на Република Туркије. Тие, исто така, имаат големо значење во политиката на Туркије за партнерство со Африка.

Турската амбасада во главниот град на Етиопија Адис Абеба е основана во 1926 година, додека Амбасадата на Етиопија во Анкара беше отворена во 1933 година. Иако амбасадата на Етиопија во Анкара беше затворена во 1984 година поради промена на режимот, таа беше повторно отворена во 2006 година.

Како што билатералните односи се продлабочуваа преку редовни контакти и меѓусебни посети на позитивна и пријателска основа, обемот на трговска размена скокна од околу 27 милиони долари во 2000 година на околу 345 милиони долари во 2023 година. Целта е зголемување на обемот во следните пет години на 1 милијарда долари.

Туркије е меѓу првите четири земји во однос на директните странски инвестиции во Етиопија. Како што расте интересот на турските компании за Етиопија, 70 етиопски фирми и 250 турски фирми присуствуваа на бизнис форумот Туркије-Етиопија кој се одржа во мај во Истанбул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски напад врз бегалски камп во Газа убиени мајка и нејзиното бебе

Следно

Дали е на повидок нова голема војна на Блискиот исток?

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop